МЗТ Скопје со „фул ростер“ против Младост?

224

Новата сезона во АБА 2-лига и официјално стартуваше вчера, но за Македонија ова натпреварување од денеска ќе биде во центарот на вниманието. Оваа сезона друштво на МЗТ Скопје ќе му прави Пелистер.

Прв на теренот во „балонот“ на Златибор ќе истрча актуелниот македонски првак. Противник на избраниците на Дарко Радуловиќ ќе биде Младост од Земун, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

Младост е добро познат противникн за МЗТ Скопје, до сега двата тима имаат одиграно три меча, два од нив ги добил противникот на „сино-белите“. Двапати играа во четвртфиналето минатата година, МЗТ Скопје славеше со 92-86, откако претходно беше поразен со 92-75. Првата средба ја одиграа еден месец порано, победник излезе Младост.

Неофицијално, Радуловиќ на оваа средба треба да го има на располагање целиот ростер. Мекиќ, Крстевски и Рикиќ се штедеа за мечот со Кожув за да можат да му помогнат на тимот во Златибор.

Пелистер пак своето деби во второтолигашкото јадранско натпреварување ќе го има утре, против Ловќен.

Турнирот во Златибор ќе трае до 15. овој месец, а македонските тимови ќе одиграат два меча.

1. КОЛО:

12.ОКТОМВРИ (ДЕНЕСКА):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Младост

13. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

15.00: Ловќен – Пелистер

2. КОЛО

14.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК):  

21.00: Рогашка – МЗТ Скопје Аеродром

15. ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.00: Пелистер – Сутјеска

ПретходноПрифати интересна понуда: Венгер после три години одново на тренерската клупа
СледноДванаесеттиот СУПЕР МИЛИОНЕР се доближи до фантастичните 12.000.000 денари