МЗТ Скопје тргна со победа во новата АБА 2 сезона

147

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отворија новата сезона во АБА 2 лигата. Во првиот меч на турнирот во Златибор, момците на Дарко Радуловиќ славеа над Младост Земун со 97:90

Македонскиот првак настапи во комплетен состав, а тренерот Радуловиќ на располагање ги имаше Крстевски, Рикиќ и Мекиќ. Кај противникот во ростерот беа екс кошаркарот на тимот од Аеродром, Бојиќ, и на Куманово Ливингстон.

МЗТ Скопје поведе со 7-0, а потоа и со 9-2. На другата страна на Младост му требаше време за да влезе во ритам, израмни на 10-10, но во ниту еден момент не дојде до водство. По првите 10 минути, МЗТ Скопје водеше со 28-26.

Додека тимот од Земун го бараше решението за македонскиот тим, момците на Радуловиќ добро ја користеа речиси секоја грешка, во 14 минута беше 38-30. МЗТ не искористи напад за двоцифрена предност, Младост дојде на 40-37 и на 46-43. Робев, најрасположениот кошаркар во првото полувреме постигна важна тројка по последните плус три. Вер со едно слободно фрлање на МЗТ на полувремето му донесе водство од 40-35.

Предноста од пет поени, Младост успеа да ја стопи по само две минути игра во третиот период и да поведе со 53:52. Проблем плус беа и четирите лични грешки на Мекиќ, кој мораше да замине на клупа. Сепак, и покрај проблемите, МЗТ Скопје одлично ги премости и успеа да се врати на плус 4 до крајот на третиот период (73:69).

Нашиот шампион одлично го отвори последниот период и успеа да се одлепи на плус 7 со тројката на Николов на 6 минути до крајот на мечот (80:73). Разликата умешно ја одржуваше благодарение на одлично расположените Робев, Милошевиќ и Дејвис. Во последната минута „штрковите“ влегоа со 93:90 по што следуваше тајм-аут. Секој прекршок на Младост носеше две слободни фрлања за МЗТ Скопје, од кои на двапати по едно реализираше Милошевиќ, а Робев во завршницата погоди двапати. Младост не успеа да реализира ниту еден напад за конечни 97:90 и победа на нашиот првак.

Робев со 30 поени беше фантастичен во дресот на МЗТ Скопје, додека Милошевиќ заврши со 20 поени.

Фото: Драгана Стјепановиќ / АБА 2

ПретходноПуки е најдобриот во историјата на Финска, го мина и легендарниот Јари Литманен
СледноУЕФА: Клубовите ќе мора да ги ослободат играчите најдоцна една недела пред СП 2022