Нејмар: Не ги чувствував нозете, можев да останам инвалид

701

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се присети на еден од најтешките моменти во неговата кариера, поточно на четвртфиналето на СП 2014 во Бразил, кога Хуан Камило Зунига незгодно го удри.

„Беше еден од најтешките моменти во мојата кариера. Ми го уништи сонот да играм до крајот на Светското првенство. Кога го повредив грбот, Марсело се обиде да ми помогне да станам, но не можев да направам ништо. Му кажав дека не чувствувам ништо, а потоа ме однесоа во болница. Не можев да ги поморднам нозете, почнав да плачам. Докторот ми кажа дека за малку ќе сум останел инвалид доколку ударот беше два сантиметри подоле“, рече Нејмар.

oБез Нејмар Бразил успеа да дојде до полуфиналето, по што следеше катастрофален пораз од Германија од 7-1.

ПретходноСтручен коментар – Александар Васоски: “Влеговме“ во германската “машина“!
СледноСкандал: Навивач исфрлен од Индијан Велс (ВИДЕО)