По Чалханоглу, уште еден фудбалер на Милан ќе се пресели во Интер?

326

Оптимизмот во Милано за обновување на договорот на клучниот фудбалер Френк Кеси се повеќе се намалува. Според „Газета дело Спорт“, клубот веќе се помирил со фактот дека нема да може да го продолжи договорот, кој истекува на крајот од оваа сезона.

Оттаму му беше понудена плата од над 6 милиони евра, додека играчот инсистира на повеќе од 8 милиони евра годишно. „Кориере дела Сера“, пак, пишува дека неговиот агент, Атангана, го понудил фудбалерот на градскиот ривал Интер, кој во минатото имаше интерес за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

За Кеси како интересент се споменува и Барселона, но и ПСЖ, Ливерпул и Манчестер Ј.

ПретходноНема крај: Уште тројца фудбалери на Реал (М) се повредија за време на настапите во репрезентациите
СледноБруклин Нетс го тргнаа Ирвинг од тимот, се додека не реши да се вакцинира