Првиот ладен туш за новите газди на Њукасл дојде од Париз

1509

Њукасл постана еден од најбогатите тимови во светот, откако во своите раце го зеде принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија. Во следните месеци се очекува овој клуб да има бројни промени, а веќе во јавноста беа пласирани неколку имиња за време на јануарскиот преоден рок.

На списокот се најде и Мауро Икарди, кој игра во ПСЖ, но не може да се пофали со минутажа. Покрај Меси, Нејмар и Мбапе, аргентинскиот фудбалер голем број на мечевите ги почнува од клупата за резерви.

Токму поради ова се појавија шпекулации дека Њукасл сака да го искористи моментот и да испрати понуда. Француските медиуми пишуваат дека Икарди веднаш ја одбил понудата на Њукасл, неговата цел е да остане до крајот на сезоната, причината е титулата во Лигата на шампиони.

Икарди донел одлука дека на зима останува во ПСЖ, но нема да биде изненадување доколку на крајот од сезоната Њукасл одново го контактира.

ПретходноКадетите на Голден Арт го освоија турнирот „11 Октомври“ во Куманово
СледноПрифати интересна понуда: Венгер после три години одново на тренерската клупа