Прифати интересна понуда: Венгер после три години одново на тренерската клупа

680

Познатиот француски стратег, Арсен Венгер повторно ќе се најде на тренерската клупа. 71-годишниот тренер потпиша договор со Саудијците и ќе ги предводи играчите на Ал-Хилал и Ал-Наср на натпреварот против ПСЖ во јануари следната година.

Играчите на двата клуба ќе ги педизвикаат ѕвездите на ПСЖ во пријателски двобој, а како нивни тренер е ангажиран токму Венгер.

„Големото тренерско Арсен Венгер потпиша договор и ќе ги води Ал-Хилал и Ал-Наср против ПСЖ“, стигна потврда.

Венгер својата тренерска кариера ја заврши во 2018 година, откако две децении ги мина во Арсенал. Пред премиер-лигашот работеше во Јапонија и во Франција.

ПретходноПрвиот ладен туш за новите газди на Њукасл дојде од Париз
СледноМЗТ Скопје со „фул ростер“ против Младост?