Пријателска во Истанбул: Шкупи ќе му гостува на Бешикташ!

550

Како што информираат од страна на раководството на Шкупи и тоа преку социјалните мрежи, лидерот во номеври ќе патува во Истанбул, каде ќе одигра пријателска средба против турскиот гигант Бешикташ. Натпреварот е закажан за 11 ноември. Со тоа ќе се искористи и ноемвриската пауза која ќе биде поради потребите на нашата репрезентација, која треба во последните две кола од квалификациите да игра со Ерменија на гости и со Исланд дома.

Инаку четата на стратегот Гоце Седлоски деновиве напорно работеше, со цел што подобро да се подготви за новите предизвици во ПМФЛ. Имено во сабота во Кавадарци, лидерот на табелата во нашата елитна лига му гостува на Тиквеш.

ПретходноГерманците ја оставија соблекувалната во хаос! (ВИДЕО)
СледноЧуда се случуваат, ама еднаш….