31-годишниот напаѓач на Норич, Тему Пуки, е новиот голгетерски „крал“ на Финска. Искусниот напаѓач од денеска и официјално е фудбалерот кој има постигнато најмногу голови во дресот на репрезентацијата на Финска.
Пуки денеска на гостувањето кај Казахстан со два гола и донесе триумф на Финска од 2:0, а себе си нов рекорд. Имено, голгетерот на Норич стигна до бројката од 33 гола во националниот дрес со што за еден гол на вечната листа го помина легендарниот Јари Литманен, кој досега беше неприкосновен на врвот на листата на најдобри стрелци кај финската репрезентација.