Главна тема во фудбалската јавност во Романија не е победата над Ерменија во нашата квалификациска група Ј за пласман на СП во Катар 2022 и баражот што е на повидок. Туку изјавата на селекторот Мирел Радои веднаш по синоќешниот натшревар. Тој најави дека по завршувањето на квалификациите, значи по мечевите со Исланд и Лихтенштајн во ноември, и дефинитивно нема веќе да биде селектор. Тој негов став им бил пренсен на челниците на Фудбалската федерација на таа земја.
Радои посочи дека сака малку да се одмори, дека сака да работи со екипа а не со репрезентацијата, и дека е време за нови предизвици. Тој нема намера да ја води Романија во баражот ако таа селекција успее да се пласира.
Сепак се шпекулира дека тој е гневен на јавноста во Романија, која веќе подолго време го критикува.
Токму затоа е оваа негова одлука да си замине од селекторската фотеља.