Португалскиот ас Кристијано Роналдо реализира три гола убедливата победа на Португалија над Луксембург во квалификациите за СП во Катар. Роналдо погоди во 8. и во 13. минута и два пати од пенал, а во финишот на мечот уште еднаш ја затресе мрежата на противникот за свои 115. голови во дресот со националните обележја што е апсолутен рекорд.
А Луксембург му стана омилена жртва на Роналдо. Против нив има девет голови, по седум им дал на Шведска и Литванија, по шест на Андора и Унгарија…
Инаку Роналдо од 114-те голови за Португалија 16 ги постигнал од пенал.
На табелата во оваа група води Србија со 17 бодови и победата над Азербејџан (2:1) вечерва. Португалија е втора со 16 бодови но и меч помалку. Следуваат Луксембург (6), Ирска (5) и Азербејџан (1).