Свидерски го урна албанскиот сон за Мундијалот (видео)

446

FOTO> Twitter

Карол Свидерски ја погоди мрежата на Албанија во 77 минута и донесе многу важна победа на Полска во борбата за пласман на Мундијалот во Катар. Освен тоа Полјаците со овој триумф го заземаа второто место на табелата во групата И и ја турнаа Албанија на третата позиција намалувајќи и ги шансите за бараж.

Мечот два пати беше прекинуван поради навивачки нереди. Вториот пат по голот на Свидерски судијата Клермон ги испрати Полјаците во соблекувалната откако беа гаѓани со шишиња и други предмети. По неколку минути мечот продолжи, а Полјаците го истераа до победа.

Во оваа група Англија води со 20 бода, Полска има 17, Албанија 15, Унгарија 11, следуваат Андора и Сан Марино.

До крајот на квалификациите Полјаците ќе играат уште со Андора (гости) и Унгарија (дома), додека Албанија ќе се соочи со Англија во гости и со Андора дома.

ПретходноMањан на операција, Милан го повика ветеранот Миранте
СледноНеверојатни бројки: Роналдо со партија за историја!