Тажна вест: Почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ

1229

Уште една тажна вест го потресе ракометниот свет. Утринава на 38 години почина поранешната македонска репрезентативка и член на Кометал Ѓорче Петров, Јулија Николиќ, претходно Портјанко.

Нејзината приказна почна во Скопје почна во 2003 година, дојде од Украина. Дресот на Кометал Ѓорче Петров го носеше до 2009 година. Ги паметиме нејзините феноменални партии и нејзината борбеност, кои и ги отворија и вратите во македонската репрезентација. Доби наше државајнство и играше во „црвено-жолтиот“ дрес до до 2012 година.

Од Кометал Ѓорче Петров се пресели во Турција, а потоа играше и во Франција. Во 2013 дојде во Вардар од тимот на Звезда Звенигорд. Со „црвено-црните“ помина две години, по што од 2015 година беше надвор од ракометот.

ПретходноВо Скопје урна рекорд стар повеќе од 100 години
СледноКадетите на Голден Арт го освоија турнирот „11 Октомври“ во Куманово