Француски „Л’Екип“ доби пристап до документ на УЕФА испратен до сите европски асоцијации уште во јули кој се однесува за Светското првенство во 2022 година во Катар.
Имено, УЕФА им сугерирала на европските клубови дека ќе треба да ги ослободат своите играчи за потребите на националните тимови најдоцна до 14 ноември 2022 година. Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
Така, лигите ќе можат да одржуваат натпревари максимално до недела, 13 ноември – 8 дена пред почетокот на Светското првенство во 2022 година.