Фантастичниот Лазаров е дел од ТОП-5 листата во првенството на Франција! (ВИДЕО)

226

И одново, и одново, од меч во меч Кире Лазаров, нашата ракометна икона ја потврдува својата екстра класа. И покрај возраста тој останува во врвот на светскиот ракомет.

Па така Македонецот се најде во ТОП-5 листата на најубави или најатрактивни постигнати голови во ракометниот шампионат во Франција, во една од најсилните лиги на Стариот континент.

Голот на „бомбардерот“ на Нант против Лимож се најде на четвртата позиција на оваа листа. Вистинско уживање е да се гледа како тоа Кире Лазаров “бомбардира“.

ПретходноВујовиќ: Јас не апелирам, туку ги молам сите да дојдат во сала, на Валчак солзи му доаѓаа!
СледноРоманија останува без селектор, Мирел Радои си заминува!