Шпанскиот селектор се налути: Ги тужи Сојузот, претседателот, кошаркарки…

145

Поранешниот селектор на женската кошаркарска репрезентација на Шпанија Лукас Мондело ги тужеше Кошаркарскиот сојуз на Шпанија и претседателот Хорхе Гарбахоса поради незаконскиот отказ. Мондело бара КС на Шпанија да го врати на работа или да му го исплати договорот потпишан до 2024 година, пренесува „Мундо Депортиво“.

Тој доби отказ по ОИ во Токио, а на кои Шпанија не освои медал. Тоа беше втор лош резултат затоа што и на ЕП исто така не беше освоен медал. Сојузот се повикува на клаузули поради неисполнети цели, а Мондело тврди дека такво нешто нема.

Мондело исто така покренал правна постапка и против две искусни кошаркарки Ане Круз и Марта Шаргај кои го обвиниле за брутални методи на тренинг поради кои имале здравствени проблеми. Шаргај во интервју за „Ел Пас“ изјави дека добила булимија додека соработувале во Динамо од Курск, а Круз тврди дека тренерот и го уништил животот.

Мондело го предводеше шпанскиот национален тим од 2013 година, три пати го освои ЕП, а моментално е тренер во јапонскиот Тојота Антилопс.

ПретходноИрачки фудбалери излегоа од автобусот за да тепаат навивачи (видео)
СледноЕВРОЛИГА: Руското дерби за ЦСКА, трет пораз по ред на европскиот првак