Дарко Велковски: Од “Кајзер“ во Дуисбург, до ТРАГИЧАР во Скопје!

4923

Повеќе од јасно е дека кога противникот целосно ќе те надигра, кога ќе те победи со 4:0, тогаш целата екипа или репрезентацијата е виновна.

Сепак, ајде да погледнеме како “паднаа“ тие четири голови на Германците, поточно првите три.

Сите по “заслуга“ на синоќа индиспонираниот наш стопер Дарко Велковски.

Ако во Дуисбург, кога победивме со 2:1, за тамошните медиуми Велковски беше “Кајзер Дарко“, сега што е?

Синоќа првиот гол дојде по неговото несфатливо додавање до противникот на средината од теренот. Вториот гол откако “заборави“ да се “намести“ и да го “фати“ Вернер во офсајд. На третиот пак не реагираше најдобро во „петерцот“, потоа таа топка дојде до Германците, а и при центаршутот „заборави“ убаво да скокне.

Четвртиот гол “падна“ по киксот на другиот стопер, Висар Муслиу.

Очигледно е дека Дарко синоќа не беше во „елемент“. Ретко прави вакви грешки, а против Германицте направи најмалку три.

А тоа една силна Германија и тоа како знаеше да го искористи.

ПретходноРТЛ: Повеќе од 7 милиони Германци го гледале преносот од Скопје!
СледноДонарума со тетоважа на Милан во обид да се смири со фановите!