Во 3. коло на кошаркарската Евролига беа одиграни шест натпревари. Најинтересно беше во Русија каде се соочија локалните ривали ЦСКА и Зенит, а победија „Армејците“ со 77:67. За домашните фантастичен беше грузискиот интернационалец Шенгелија со 33 кошеви, 8 скокови и 2 асистенции. Неговиот соиграч Клајберн уфрли 16. Тоа воедно е втора победа за ЦСКА сезонава.
А шампионот Анадолу Ефес е поразен на гостувањето кај Лион кој воедно ја запиша третата победа сезонава. Францускиот тим славеше со 75:73, а победникот беше одлучен во последната четвртина во која домашната екипа беше многу поефикасна од противникот. Џонс беше најефикасен кај Лион со 16 поени, додека кај Ефес Мициќ уфрли 24 кошеви, а Ларкин 15. Тоа е трет пораз за Ефес сезонава. Претходно изгуби од Реал и од ЦСКА Москва.
РЕЗУЛТАТИ
УНИКС – БАЕРН 73:70
ЦСКА – ЗЕНИТ 77:67
АЛБА – ФЕНЕРБАХЧЕ 84:70
ЛИОН – ЕФЕС 75:73
БАСКОНИЈА – ПАНАТИНАИКОС 81:79
МИЛАНО – МАКАБИ Т.А. вечерва