Кадетите на Голден Арт го освоија турнирот „11 Октомври“ во Куманово

200
На својот прв настап на традиционалниот ракометен турнир во чест на големиот македонски празник, 11 Октомври, во Куманово, кадетската екипа на Голден Арт го освои првото место и шампионскиот трофеј. На турнирот настапија домаќинот Куманово, Бутел од Скопје, МРК КЛ7 Свети Николе и Голден Арт.
Во првото полуфинале Голден Арт го совлада Бутел, додека МРК КЛ7 Свети Николе беше подобар од МРК Куманово.
Во финалниот натпревар Голден Арт беше подобар од МРК КЛ7 Свети Николе со резултат 26:21.
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Димитар Крстев од МРК КЛ7 Свети Николе, додека за најкорисен играч Петар Стојаноски од Голден Арт.
ПретходноТажна вест: Почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ
СледноПрвиот ладен туш за новите газди на Њукасл дојде од Париз