Мемфис влезе во историјата на холандскиот фудбал

352

Холандија убедливо славеше над Гибралтар во квалификациите, а напаѓачот Мемфис Депај се впиша во книгата на рекорди на холандскиот фудбал. Напаѓачот на Барселона е најефикасниот холандски фудбалер, односно дал најмногу голови во една календарска година.

Против Гибралтар даде два гола па така во 2021 година Мемфис има 13 голови со што го урна претходниот рекорд на Патрик Клајверт со 12 голови во 2000 година. На оваа листа се уште Клас Јан Хунтелар со 11 голови во 2010 година, Робин ван Перси со 10 гола во 2013 година исто толку и Бакхајс во 1934 година.

Инаку вкупно во дресот на Холандија Депај има 35 гола.

До крајот на годината Холандија ќе одигра уште два квалификациски натпревари (со Црна Гора и Норвешка) па тоа е шанса за Депај да го подобри рекордот.

ПретходноГорецка со комплименти: Македонија не е лош тим!
СледноФФМ поради неодговорен гледач може да плати казна од 30.000 евра?