Бразилскиот дефанзивец Едер Милитао, не можеше да го заврши квалификацискиот натпревар за СП 2022 против Колумбија поради повреда. Како што јавија бразилските новинари, фудбалерот на Реал Мадрид мораше да го напушти теренот 20 минути пред крајот на натпреварот поради болки во грбот.
Според информациите, повредата не е сериозна, но играчот ќе мора да помине дополнителни медицински тестови. Дали ова ќе значи ново отсуство во составот на Карло Анчелоти за слендиот меч на „кралевите“, ќе се знае по враќањето на Милитао во Шпанија.
За време на меѓународните натпревари, беа повредени уште двајца играчи на Реам Мадрид, Еден Азар и Едуардо Камавинга.