Македонската репрезентација до 21. година успеа предмалку на гостински терен да ја совлада репрезентацијата на Ерменија со конечни 1:2, и на тој начин да ја обезбеди првата победа во тековната кампања.
Под водство на селекторот Драган Канатларовски нашите млади фудбалери го освоија првиот полн плен, по ремито одиграно на домашен терен против Србија 0:0, односно Фарските острови на гости 1:1.