Роналдо стигна до 115. гола, мрежата на Луксембург ја тресел најмногу

238

Португалскиот ас Кристијано Роналдо реализира три гола убедливата победа на Португалија над Луксембург во квалификациите за СП во Катар. Роналдо погоди во 8. и во  13. минута и два пати од пенал, а во финишот на мечот уште еднаш ја затресе мрежата на противникот за свои 115. голови во дресот со националните обележја што е апсолутен рекорд.

А Луксембург му стана омилена жртва на Роналдо. Против нив има девет голови, по седум им дал на Шведска и Литванија, по шест на Андора и Унгарија…

Инаку Роналдо од 114-те голови за Португалија 16 ги постигнал од пенал.

На табелата во оваа група води Србија со 17 бодови и победата над Азербејџан (2:1) вечерва. Португалија е втора со 16 бодови но и меч помалку. Следуваат Луксембург (6), Ирска (5) и Азербејџан (1).

ПретходноПрекин во Тирана: Полјаците се повлекоа во соблекувалната откако беа гаѓани со шишиња
СледноДанска се пласира на Мундијалот, Унгарија ја запре Англија, победа и на Србија