Во моментов во САД се одржува петтиот Гренд слем турнир, Индијан Велс. Додека во фокусот е Данил Медведев, кој со победа може да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП листата, се случи интересен момент.
За време на дуелот меѓу Капсер Руд и Лојд Харис, судијата исфрли еден навивач од трибините на барање на Норвежанецот.
Додека Руд се подготвуваше за сервис, по којзнае кој пат го слушаше навивачот како провоцира. Се обрати кон судијата и побара истиот да биде исфрлен од теренот. Редарите веднаш се упатија кон трибината, пред да ја напушти истата навивачот ги фотографираше, а потоа си замина.
Руд конечно заигра, па по пресврт го совлада Харис со 6-7, 6-4 и 6-4.
Para que no le den click en el link. pic.twitter.com/Ub0bXfPrW9
— Soul Reaver (@Illtrapyoursoul) October 11, 2021
ФОТО: TWITTER/ESPN/SCREENSHOT