Така е момци…. триумф над Ерменија на гостински терен (ВИДЕО)

414

Македонската репрезентација до 21. година успеа да се исправи пред предизвикот денеска и да ја оствари првата победа во тековните квалификации. Обезбеден е триумф на гостински терен против репрезентацијата на Ерменија со 0:2, ио тоа со головите на Марко Ѓоргиевски односно Методи Максимов.

Марче „отвори“ на време

По старните две шанси на Јован Манев, кој во едниот од ударите го погоди и оквирот на голот, ние поведовме откаков Филип Антовски упати прекрасен центар шут на петерецот, а Марко Ѓорѓиевски погоду со глава.

Домаќинот не успеа да се консолидира по нашето водство туку напротив, Македонија беше таа што имаше иницијатива, а и имаше и шанси за нов гол. Токму Ѓорѓиевски но и Рустемоски се обидоа, но сепак, на полувреме отидовме само со еден гол предност.

Максимов погодува за 0:2

Во воторото полувреме нашиот состав продолжи во исто темпо, и не дозволи противникот да наметне своја игра. Игравме на противничката половина, создававме ситуации. Воша ја имаше едната но не успеа да го искористи центаршутот од лево.

Во самиот финиш добра акција на двајцата резервисти Лука Станковски и Методиј Максимов, а вториов со одмерен удар погодува за 0:2.

Грешиме во одбраната, Ерменија намалува на 1:2

Во самиот финиш попуштивме со концентрацијата помисливме дека се е готово, и тоа ни се одби од глава. Григорјан речиси сам си создаде ситуација за гол во нашиот шеснаесетник откако Максимов не успеа да расчисти, а и Манев во директниот дуел не реагираше најдобро.

Ерменија – Македонија 1:2 (0:1)

Академија на Федерација на Ерменија

Гледачи: 200

ГЛавен судија: Лукас Сотириу (Кипар)

Стрелци: Григорјан 90 (Р) Ѓорѓиевски 25, Максимов 84 (М)

Ерменија: Нерсисјан, Губарсјан, Агхасарјан, Симонсјан (Галстјан 62), Коканјан, Мркчјан (Камојан 52), Мирзојан (Петросјан 53), Галстјан, Шагојан (Авердјан 73), Григорјан, Григорјан (Серобјан 46)

Македонија: Денковски, Шеји, Манев, Младеновски, Антовски (Максимов 82), Гроздановски, Адем, Воша (Скендери 67), Хајдари (Ѓурковски 74), Рустемоски (Станковски 82), Ѓорѓиевски (Илиевски 66)

 

ПретходноСимеоне: Сакав да го донесам Меси во Атлетико, но таа идеја пропадна за три часа!
СледноПобедничко селфи среде Ерменија… со среќа трите бода