АЕК и Тричко потпишаа нова соработка

200

Македонскиот голгетер Иван Тричковски и во наредните сезони ќе биде дел од АЕК Ларнака. Оваа информација ја соопшти кипарскиот клуб, а притоа најави дека дополнително ќе соопшти детали околу договорот. Инаку претходниот договор на Тричко му истекуваше во јуни 2022 година.

Довчерашниот македонски репрезентативец игра за АЕК од 2016 година и е еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот. Досега одиграл 182 натпревари со ефект од 209 гола. Сезонава на пет меча има шест гола.

ПретходноМакедонија со Бонер во ноемвриските квалификации за ЕП 2023
СледноКовид во Милан, Хернандез е позитивен