Ашаданов и официјално селектор на сениорките: Верувам во квалитетот на репрезентативките

133

Александар Ашаданов е нов селекторот на македонската жнеска репрезентација. Актуелниот шеф на стручниот штаб на ЖКК Вардар ќе ги предводи дамите во наредниот циклус од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Словенија и Израел.

Противниците на Македонија во натпреварите од групата „А“ се Германија, Белгија и Босна и Херцеговина. Новиот селектор веќе добро ги познава кошаркарките, тој беше помошник на неговиот претходник Владимир Ѓоровиќ.

„Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки“– вели Ашаданов за официјалната страница на КФСМ.

ПретходноЌе има казна за Албанија, ФИФА се огласи по инцидентите во Тирана и на „Вембли“
СледноСудии за ПМФЛ – 10.коло: Грујоски ќе им суди на Брегалница и Македонија ЃП