Вардар 1961 има само два порази од Монпеље, еден во „Јане Сандански“ и еден за историја!

293

Вардар 1961 како фаворит влегува во пресметката со Монпеље. Актуелниот македонски првак преку францускиот тим ќе се обиде да ја продолжи перфектната серија оваа сезона во Лигата на шампиони, има две победи и едно реми по три одиграни меча.

Историјата на меѓусебните дуели исто потврдува дека „црвено-црните“ се фаворити вечерва. Имаат одиграно девет натпревари, шест ги добил македонскиот првак, два Француизите и еден завршил без победник.

Монпеље го спречи Вардар 1961 да постане првиот тим во историјата на Лигата на шампиони, кој успеал да ја одбрани титулата. Во 2018 година во полуфиналето францускиот состав славеше со 28-27 и дојде до круната. Вториот пораз е во СЦ „Јане Сандански“, во февруари 2020 година, Монпеље славеше со 27-31.

Веселин Вујовиќ пред мечот ја прифати фаворитската улога, а единственото решение за нова победа го гледа во одбраната и секако во поддршката од публиката.

„Денес не може да се игра ракомет на баш мал резултат. Многу е тешко да добиете натпревар на домашен терен со 24-25 гола. Ние подготвуваме тактика за секој противник и се адаптираме, сепак не можете да направите добар резултат без добра одбрана. Ние имавме голема помош и од нашите голмани, беа меѓу најдобрите на колото. Така што, мојот стил останува ист цврст, силна одбрана, меѓутоа денеска во овој модерен ракомет ако примите 27-28 гола е успех, бидејќи врвните екипи Барселона Веспрем ПСЖ одат над 30 редовно“, изјави Вујо.

Мечот меѓу Вардар и Монпеље е закажан во 20:45 часот.

ПретходноИсториски ден за Битола!
СледноЦиципас го извади од кожа Италијанецот: Фоњини протестираше, судијата го игнорираше (ВИДЕО)