Владата даде зелено светло: Младинските лиги можат да почнат

117

Младинските лиги во сите спортови во Македонија конечно ќе можат да започнат по денешната одлука на Владата за укинување на задолжителното тестирање на спортистите пред секој натпревар или поседување на сертификат за вакцинација. Агенцијата за млади и спорт испрати барање до Комисијата за заразни болести, па денеска се огласија и од Владата.

На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму.“, стои во соопштението на Владата.

ПретходноСе огласија од Бешикташ: Веста за соработка со Вардар е ЛАЖНА!
СледноИсторија: Бадел 1862 со прва победа во јадранското друштво