Деби за заборав: Пелистер демолиран на Златибор од Ловќен

147

Екипата на Пелистер со убедлив пораз дебитираше во АБА 2-лига, на првиот дуел на турнирот во „Златибор“ беше совладан од Ловќен со 108-85. На голема среќа противникот се опушти, па на крајот разликата падна.

Трајковски и Малешевиќ беа први стрелеци, двајцата заедно постигнаа 41 поен, Кесар имаше 17 поени.

Избраниците на Марјан Илиевски имаа сили само за едно полувреме. Во овој период, поточно некаде пред самиот крај добро парираа, имаа и дури и водство, по што влегоа во поентерска криза од која не успеаја да се вратат.

Противникот по 46-42 на одморот, направи неверојатна серија од 23-2 и поведе со 69-44. Највисоката негатива која Пелистер ја имаше во третата четвртина беше 83-53. Битолчани ниту имаа решение во одбраната, ниту пак покажаа нешто во нападот, тонеа во сопствените грешки.

Претходно кошаркарите на македонскиот тим поведоа со 9-10, па и 11-13, по првата четвртина имаа негатива од 22-19, беа рамнопрвен противник до средината на вториот период, кога Ловќен со серија од 9-0 за 43-36 го направи посериозниот чекор кон превземање на контролата на мечот.

Шанса за поправен, битолчани ќе имаат во петок против Сутјеска.

ФОТО: АБА-лига/Драгана Стјепановиќ

ПретходноШок за Лука Хернандез – го чека едногодишна затворска казна!
СледноИлиевски: Како сите бродови да ни се потонати, но добро е што се случи сега!