Екипата на Бадел 1862 ќе го памети денешниот ден. Македонскиот вицепрвак ја запиша првата историска поебда во јадранското друштво. Избраничките на Перо Стамески ја оправдаа улогата на фаворит против Бановиќи, на гостински терен славеа со 57-70 во рамките на третото коло.
Дека ова ќе биде ден на кошаркарките на Бадел 1862, најава стигна во првата четвртина. Македонскиот тим поведе со 6-18, на одморот замина со позитива од 20-38. Домашната екипа немаше сили, ниту квалитет да му парира на Бадел 1862, кој заслужено влезе во историјата на македонската кошарка.
Кметовска со 24 поени беше прв стрелец, Стојановска запиша 18 поени, додека Димова имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока.