Одложени два меча од новото коло на шпанската Ла Лига

260

Шпанскиот Врховен совет за спорт (ЦСД) одлучи да одложи два натпревари од шпанската Ла Лига кои беа на програмата следниов викенд. Станува збор за дуелите Реал (М) – Атлетик Б. и Гранада – Атлетико.

Според „Марка“, причината за оваа одлука се јужноамериканските квалификации за Светското првенство кои треба да се играат на 15 октомври.

Играчите едноставно нема да имаат време да се вратат во своите клубови и целосно да се подготват за натпреварите од шпанското првенство. Двата натпревари беа закажани за в недела.

Ливерпул имаше исто вакво барање, но Премиер лигата одби да го одложи нивниот саботен меч со Ватфорд иако „црвените“ имаат тројца Бразилци во репрезентацијата.

ПретходноКил го прегази ППД Загреб, Мешков го испоти Алборг, но загуби
СледноВардар и оддаде почит на Јулија Николиќ: Засекогаш во нашите срца!