Освојувачка на медали од светските атлетски првенства убиена во својот дом

143

Двојната освојувачка на медали на светските првенства во атлетика Агнес Јебет Тироп е пронајдена мртва во својот дом во Кенија. Тироп (25 години) е освојувачка на бронза на светските првенства 2017 и 2019 година во трките на 10.000 метри. Во август оваа година го освои четвртото место на 5.000 метри на Олимписките игри во Токио.

Кенијката е пронајдена во својот дом во градот Итен во Кенија, а веста ја потврди и првиот човек на Атлетскиот сојуз на Кенија Барнаба Корир. Локалните медиуми соопштуваат дека Тироп е избодена до смрт во стомакот. Првите информации наведуваат дека убиецот е нејзиниот сопруг, но полицијата го истражува случајот и се уште не го потврдила тоа.

 

ПретходноПрв пораз за Вардар во ЛШ, Монпеље со цел плен од Скопје (ФОТО)
СледноВујовиќ: Жал ми е поради атмосферата, Вардар не личеше на себе!