Трансфер гуруто Фабтицио Романо објави дека мега звездата на Барселона, и еден од најдобрите млади фудбалери Педри, ќе потпише нов перманетен дил со клубот со траење до 2026 година.
Со тоа Барселона ќе направи голема работа затоа што ќе задржи еден од најгобрите свои фудбалери, а најинтересно е што според Романо, откупната клаузула ќе биде поставена на сума од една милијарда евра.
Секако дека во моментов тоа е нереална сума за некој воопшто и да помисли да ја плати, но ете Барселона смета дека тоа е реално очигледно.