Саудијците подготвени да платат 16 милиони евра и да го донесат Брендан Роџерс на клупата на Њукасл

446

Тренерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс, доби „непристојна“ понуда од новите сопственици на Њукасл и наскоро може да се пресели на „Ст. Џејмс Парк“. Новинарот Николо Шира објави дека раководството на „страчките“ веќе започнало преговори со агентот на тренерот и на маса е ставен петгодишен договор, засега со се уште неутврдена вредност.

Договорот на Роџерс со Лестер истекува во 2025 година, и потребно е да се платат 16 милиони евра за негово предвремено раскинување. Њукасл е подготвен да го покрие овој надомест, само доколку Роџерс ги прифати нивните услови.

Роџерс во моментов е прв фаворит за менаџерското место во Њукасл, додека преговорите со Лусиен Фавре и Френк Лампард засега не се споменуваат.

ПретходноСе сеќавате на Јане Ахонен? Денеска поправа автомобили и дизајнира кампер-приколки
СледноНов убедлив пораз на Баскет Кам во ВАБА лигата