Репрезентацијата на Англија синоќа во рамките од квалификациите за следниот Мундијал, направи тежок кикс играјќи само 1:1, на домашен терен против Унгарија.
Селекторот Герет Саутгејт нормално, критички настроен спрема себе си но и спрема неговите избраници кои не одиграа на потребното ниво.
„Тоа беше разочарувачки настап. Имавме тактички проблеми, не игравме флексибилно и не игравме на потребното ниво. Тешко е да се одреди каде точно не успеавме. Сега има време да размислиме малку за рамнотежата во тимот. Индивидуално, исто така, можеме да се подобриме. Вчера направивме многу елементарни грешки со топката “, рече Саутгејт и додаде.
“Мораме да размислиме. Не треба само да ги судиме работите во игра од една гледна точка. Унгарија не ни дозволи да играме со играчите од средниот ред, и не бевме доволно остри во нападот. Јас не ввидов ништо од она што трениравме или што одигравме на претходниот меч. “, додаде тој.
Англија ја победи Унгарија со 4-0 во Будимпешта пред пет недели, а Саутгејт призна дека можеби имало и потценување на противникот.
“Не знам дали потсвесно мислевме дека ќе биде полесен натпревар бидејќи ги победивме убедливо во септември, но тие беа многу добри во одбраната. Не игравме на нивото што го покажавме во Унгарија и не го направивме доволно за победа на натпреварот. “ – заврши селекторот на Англија.