Се огласија од Бешикташ: Веста за соработка со Вардар е ЛАЖНА!

526

На Фејсбук страницата на Вардар пред неколку денови се појави информација дека клубот и турскиот гигант Бешикташ се договориле за соработка во иднина, но излезе дека од тоа нема трошка вистина. Веста за наводната соработка ја демантираше самиот клуб на својата веб страница.

„Веста што излезе во печатот дека е потпишан договор за соработка меѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не е вистинита. Љубезно ги молиме нашите фанови да не веруваат во информации кои не се излезени од наша страна“, соопштија од клубот.

СООПШТЕНИЕТО НА БЕШИКТАШ

ПретходноТешка болест го нападна велшкиот репрезентативец
СледноВладата даде зелено светло: Младинските лиги можат да почнат