Стефанос Циципас се пласираше во осминафиналето на Мастерсот Индијан Велс, откако славеше против италијанскиот тенисер Фабио Фоњини. Гркот до победата дојде после пресврт, откако во првиот сет беше совладан со 2-6, ги доби следните два.
Ниту оваа средба на Гркот не мина мирно. Овој пат неговиот противник беше изваден од кожа, причина за ова е таткото на Циципас. Фоњини неколку пати му потенцираше на судијата дека грчкиот тенисер постојано добива инструкции од трибините, но пак судијата сето тоа го зеде во предвид како поддршка.
„Играме два на еден“, беа зборовите кои може да се слушнат, но за жал Италијанецот не наиде на слух.
По мечот Фоњини едвај се поздрав со Циципас, а потоа двајцата влегоа во дискусија.
A few words exchanged 👀
Tsitsipas and Fognini discuss at the net after their #BNPPO21 encounter. pic.twitter.com/fk67i3tVfN
— Tennis TV (@TennisTV) October 13, 2021
Место во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс обезбедија Александар Зверев, Гаел Монфилс, и Алекс Де Минор. Зверев го совлада Енди Мареј со 6-4 и 7-6.