Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Жалгирис во Белград со 73:61 во првиот денешен меч од 3. коло од Евролигата.
Во многу интересен натпревар, во кој се издвои одличната игра во одбрана на Ц. Звезда, домаќните го забележаа вториот триумф во Евролигата.
Калиниќ беше еден од најдобрите на паркетот во „Штарк Арена“ и мечот го заврши со 15 поени, пет скока и три асистенции, а го следеше Огњен Добриќ со 13 поени.