Францускиот репрезентативец на Баерн Минхен, Лука Хернандес треба да одработува затворска казна во Шпанија, пренесува „АС“. Изданието цитира пресуда на Суд во Мадрид според кој фудбалерот треба да одлежи едногодишна затворска казна.
„Одлуката е донесена на 14 септември од судијата Аурора Аребола дел Ваје. Таа гласи: ’Г-динот Лука Франсоа Бернар Ернандес треба да се јави на судот најдоцна до 19 октомври 2021 година и да го посочи затворот во кој ќе ја отслужи казната“.
Причината е семејно насилство и непочитување на судска одлука. На 3 февруари 2017 година Ернандес, тогашен играч на Атлетико Мадрид, бил осуден за семејна расправија со сопругата Амелија де ла Оса на улица. Тогаш мадридскиот суд ги осудил двацата на 31 ден општокорисна работа и им забранил да се доближуваат еден од друг во период од шест месеци. И покрај пресудата двајцата решиле да отидат заедно на меден месец. При враќањето биле задржани на аеродромот во Мадрид.
Лука бил предаден на мадридскиот суд број 3 и против него е покренат обвинение за насилство над жена. Откако дал изјава бил ослободен. Но обвинителството во Мадрид побарала едногодишна затворска казна за Лука поради нарушување на пресудата за меѓусебено приближување во период од шест месеци. Адвокатите на Лука побарале затворската казна да биде заменета со општокорисна работа, но таа молба не била прифатена затоа што Французинот не ја одработил претходната општокорисна работа од 31 ден од 2017 година поврзана со овој случај.
Од Баерн тврдат дека не знаат ништо во врска со овој случај.