Ја победивме Андора, ќе чекаме расплет на останатите групи

1668

Македомската репрезентација до 17. години ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Ирска. Денеска ја совладавме селекцијата на Андора со 0:6, и го освоивме четвртиот бод. Официјално сме третопласирани на табелата, зад Полска, односно Ирска кои денеска одиграа 2:2.

Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека пак ние како трети ќе мора да го почекаме расплетот на останатите групи за да биде во целост момплетиран првиот квалификациски круг.

Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега ние сме на второто место зад БИХ.

Што се однесува пак до денешниот меч, ние тотално домониравме, а погодоците за нас ги постигнаа Назифи на два пати, Нухија, Стојанов на два пати и Ѓоргиевски.

ПретходноМилан го доведува ветеранот Миранте
СледноШок за Лука Хернандез – го чека едногодишна затворска казна!