Ќе има казна за Албанија, ФИФА се огласи по инцидентите во Тирана и на „Вембли“

451

Мечот меѓу Албанија и Полска се најде во центарот на вниманието откако во 77. минута истиот беше прекинат поради страв на гостинските фудбалери за својата безбедност. По голот на Свидерски за водство на Полјаците од трибините полетаа шишиња кон него и соиграчите додека го славеа погодокот. Францускиот судија Клемен Турпин да го прекине мечот и ги испрати Полјаците во соблекувалната.

По 20. минути пауза мечот продолжи, на крајот Полска дојде до целиот плен.

Инцидент имаше и на „Вембли“, Унгарија избори реми 1:1 на гостувањето кај Англија. Унгарските навивачи се судрија со обезбедувањето, полицијата брзо ја стави под контрола целата ситуација. До немирите дојде откако унгарските навивачи ги исфиркуваа англиските фудбалери, кои клекнаа на тревата пред почетокот на натпреварот во знак на борба против расизмот.

ФИФА веднаш се огласи по ваквите случувања.

„ФИФА најостро ги осудува инцидентите во Англија и Албанија и сакаме да покажеме дека нашата позиција останува цврста и одлучна во отфрлањето на секој облик на насилство, како и секоја форма на дискриминација или навреда“, се вели во соопштението на ФИФА.

ПретходноМетју Божиновски на позајмица во Велингтон Феникс
СледноАшаданов и официјално селектор на сениорките: Верувам во квалитетот на репрезентативките