Бановиќи е шансата за Бадел 1862!

178

Бадел 1861 и Кам Баскет денеска продолжуваат со мечевите од 3. коло во ВАБА-лигата. Македонскиот вицепрвак му гостува на Бановиќи, меч кој е закажан со почеток во 18 часот.

По двете тешки средби на домашен терен, тренерот Перо Стамески очекуватежок меч, во кој ќе мора да искористат искуството.

„Во првите две кола од WABA лигата забележивме два загубени натпревара, против за мене најдобрите две екипи од нашата група. Не очекува тешко гостување во Бановиќи, против млада екипа, која по двата загубени натпревара од Монтана 2003, ќе бидат крајно мотивирани на домашен терен и бодрена од домашната публика, за да ја оствари првата победа. Искуството е на наша страна, и сметам дека сме благи фаворити на овој натпревар, и воопшто не се сомневам дека девојките ќе го дадат својот максимум за остварување на првата победа“, изјави Стамески.

Баскет Кам пак е гостин на Триглав, мечот се игра со почеток во 20:15 часот.

ПретходноСудии за ПМФЛ – 10.коло: Грујоски ќе им суди на Брегалница и Македонија ЃП
СледноКонечно… младинскиот фудбал стартува следната недела