Барса го „врзува“ Педри со нов договор и клаузула од 1 МИЛИЈАРДА евра!

155

Барселона активно работи на задржување на постоечкиот играчки кадар и не сака да дозволи ново „одлевање“ на свои фудбалери посебно талентирани играчи во други клубови. Клубот во јануари ќе остане без Илаиш Мориба и Емерсон Ројал, но каталонците ќе го задржат Педри. Осумнаесетгодишниот фудбалер се наметна како еден од клучните играчи во репрезентацијата, а новиот договор со Барселона ќе биде со важност до 2026 година, а во истиот има и откупна клаузула од една милијарда евра.

Инаку во претходната соработка која истекува на крајот на оваа сезона откупната клаузула му изнесувала 400 милиони евра плус Барса има опција да ја продолжи до 2024. Но Каталонците го сакаат играчот за подолго, до јуни 2026 година и се чини дека тоа ќе биде решено затоа што и фудбалерот е расположен за нов договор.

ПретходноЛига 1 се „крати“ на 18 клубови, истото го прави и Серија А?
СледноКил го прегази ППД Загреб, Мешков го испоти Алборг, но загуби