Пелистер не успеа да дојде до победа на првиот меч во АБА2-лигата, беше совладан од Ловќен со 108-85.
Марјан Илиевски и неговите момци ќе мора многу да корегираат доколку сакаат на следниот дуел против Сутјеска да дојдат до победа. Дефинитивно од она што го покажаа денеска никој не треба да биде задоволен.
„Ние на хартија имавме играчи кои играле во поголеми натпреварувања, но на другата страна Ловќен има поголемо искуство од нас во АБА-лига. По овој пораз како сите бродови да ни се потонати, но можеби е добро што се случи на почетокот, немаме многу време до петок, но ќе мора да менуваме, прво нашиот пристап на мечевите“, изјави Илиевски по поразот.