Косово го отпушти селекторот, кандидати за замена: Магат, Зенга, Роберто Карлос…

942

Селекторот на Косово Бернар Шаланд доби отказ по двете едноподруго порази во квалификциите за СП 2022. Косово изгуби од Шведска со 0:3 минатата недела, а синоќа претрпе пораз дома од Грузија со 1:2 и го држи последното место во групата В со 4 бода. Швајцарскиот стручњак беше на чело на тимот од 2018 година, а заминува по 37 официјални натпревари на кои забележа 16 победи, 8 нерешени и 13 порази.

Шаланд го предводеше Косово до полуфиналето на плеј-офот за пласман на ЕП 2020 но изгуби во Скопје од Македонија.

„Горд сум на сработеното, а разочарам сум од одлуката на Федерацијата да се разделиме“, изјави Шаланд.

Од ФФ на Косово соопштија дека Шаланд не ги исполнил зацртаните цели па затоа е одлучено да се побара друго селекторско решение.

Неофицијално кандидати за негов наследници на клупата се споменуваат Феликс Магат, Валтер Зенга дури и славниот брзилски фудбалер Роберто Карлос…

 

ПретходноКовид во Милан, Хернандез е позитивен
СледноТешка болест го нападна велшкиот репрезентативец