ПОЛУВРЕМЕ: Вардар има негатива од четири гола против Монпеље

144

Вардар 1961 по првото полувреме против Монпеље во рамките на 4. коло во Лигата на шампиони има негатива од четири гола (11-15). Засега фали експлозивноста која ја гледавме на претходните мечеви, ја нема дефанзивата, ниту пак добра реализација.

Ќе мора да се подигне нивото на игра за да „црвено-црните“ се вратат во мечот и останат непоразени.

Македонскиот првак ја немаше потребната цврстина во одбраната, па гостите го отворија мечот со 0-2 и успеаја да го наметнат своето темпо. Во 13. минута поведоа со плус три (4-7), а потоа и 5-8. Пред средината на првото полувреме, Вујовиќ направи промена на голот, излезе Томовски, влезе Ристовски.

Првата одбрана на Борко го разбуди Вардар, со погодоците на Георгиевски и Дибиров, дојде на минус еден 7-8. „Црвено-црните“ никако не успеваа да израмнат, а противникот во 24. минута, одново поведе со три гола (9-12).

Вујовиќ беше принуден да го земе вториот тајм-аут. Не се промени ништо на теренот, Борко се обидуваше да го смени текот на мечот, но Вардар остана со играч помалку, па негативата дојде на четири гола (11-15) на одморот.

Три гола има Дибиров, два Тото, по еден Георгиевски, Стоилов, Гаџа, Моралес, Кевин Њокас и Кудуз.

ПретходноЦ. Звезда ја оствари и втората победа во Евролигата
СледноСе сеќавате на Јане Ахонен? Денеска поправа автомобили и дизајнира кампер-приколки