Диего Симеоне во летниот преоден рок имал желба да го донесе во своите редови Лионел Меси. Кога веќе беше познато дека аргетинскиот напаѓач ќе ја напушти Барселона, одлучил да ги проба своите шанси.
За таа цел го искористил Луис Суарез, кого го замолил да разговара со Меси. Добро е познато дека и двајцата долго време ја делеа соблекувалната во Баселона и се добри пријатели.
„Јас не го побарав Лео, туку Луис, го замолива да го праша како му се допаѓа идејата да дојде во клубот и дали има најмала можност. Сето ова траеше три часа, ПСЖ порано одлучи да го донесе“, призна Симеоне, кој додаде:
„Никогаш претходно не сум имал шанса да соработувам со Меси, пред заминувањето во ПСЖ беше во Барселона, а јас во Атлетико, не успеавме да се погодоиме ниту во аргентинската репрезентација“.
Симеоне бил убеден дека неговиот тим е добар за Меси, бидејќи се бори за титули.
„Ако мене прашувате во кој клуб треба да игра, јас би кажал во оној кој сака да победува и добро знае што е потребно за тоа. Не е важна позицијата на која игра, важно е да биде направена за да победува“, рече тренерот на Атлетико Мадрид.