Судии за ПМФЛ – 10.коло: Грујоски ќе им суди на Брегалница и Македонија ЃП

599

Познати се судиите за 10.коло во ПМФЛ во тековната сезона. Александар Грујоски од Кичево е делегиран за главен судија на средбата меѓу Брегалница и Македонија ЃП, додека Игор Стојчевски ќе суди во Кавадарци каде гостува Шкупи. Сите натпревари се играат в сабота, само скопската пресметка меѓу Работнички и Скопје ќе се игра в петок. На овој меч правдата ќа ја дели Александар Ставрев.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 10.КОЛО – САБОТА (14 Ч)

Струга ТЛ – Борец (М. Стојановски – Кичево)

А. Пандев – Шкендија (С. Трпчевски – Кавадарци)

Тиквеш – Шкупи (И. Стојчевски – Скопје)

Ренова – Пелистер (Ј. Качевски – Струга)

Брегалница – Македонија ЃП (А. Грујоски – Кичево)

ПЕТОК – 14 Ч

Работнички – Скопје (А. Ставрев – Скопје)

ПретходноАшаданов и официјално селектор на сениорките: Верувам во квалитетот на репрезентативките
СледноБановиќи е шансата за Бадел 1862!