Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) го пречекува Монпеље во меч од 4. коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак и двократен освојувач на титулата во европското клупско натпреварување има пет бода, го дели првото место со Пик Сегед во групата А.
На другата страна францускиот тим има една победа, реми и пораз. И натаму игра променливо, што пак го загрижува стратегот, Патрис Канаје. На прашањето кои се амбициите на тимот за дуелот во Скопје, тој даде интересен одогвор:
„Ова прашање мора прво да го поставиме на играчите, да видиме какви се нивните амбиции. Клупската цел е иста, да победиме, но треба да им го поставиме прашањето на играчите, за да видиме дали ќе можат да ги исполнат задачите за да ја остварат целта. За мечот во Скопје се ќе зависи од тоа кој тим ќе го видиме, тимот што играше против Кил или оној што играше против Сесон“, изјави тренерот на францускиот тим.
Билети за мечот во СЦ „Јане Сандански“ се уште има, истите можат да се набават во билетарницата на салата, сите информации можете да ги добието на официјалниот сајт на Вардар.