Ц. Звезда ја оствари и втората победа во Евролигата

100

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Жалгирис во Белград со 73:61 во првиот денешен меч од 3. коло од Евролигата.

Во многу интересен натпревар, во кој се издвои одличната игра во одбрана на Ц. Звезда, домаќните го забележаа вториот триумф во Евролигата.

Калиниќ беше еден од најдобрите на паркетот во „Штарк Арена“ и мечот го заврши со 15 поени, пет скока и три асистенции, а го следеше Огњен Добриќ со 13 поени.

ПретходноФМП Академија го доби македонското дерби со Куманово во БИБЛ лигата
СледноПОЛУВРЕМЕ: Вардар има негатива од четири гола против Монпеље